еМагазин
Image default
Забава

Концерт на Такси Конзилиум овој четврток во „Паблик Рум“

Овој четврток, 9-ти април, во рамките на посветено курираниот музички серијал „Јавна Проба“ ќе настапи реномираниот џез состав Такси Конзилиум.

„„Јавна Проба“ е резултат на потребата за поширока презентација и промоција на квалитетна домашна авторска музика во полето на поп, рок и џез музичка сцена од различна генерација на веќе докажани музичари и надоаѓачки таленти кои издаваат и соработуваат со дискографската куќа ПМГ Рекордингс.

„Јавна Проба“ е резултат на соработката помеѓу ПМГ Рекордингс и скопски културен простор „Паблик Рум“, која на скопската публика ќе и понуда серија на концерти кои ќе се случуваат секој четврток.

Такси Конзилиум (Taxi Consilium) е водечки состав на новиот бран на македонската џез сцена. Свежа и вибрантна, ослободена од рамките на самонаметнати канони и силно прогресивно настроена, оваа сцена бележи врвни историски резултати.

Од доцните четириесетти, откога постои македонскиот џез, до денес не сме имале вака слободоумна, авантуристичка и потентна генерација. Такси Конзилиум се наоѓаат на самата острица на овој нов џез бран, а нивната продуктивност е адекватна на високиот квалитет кој го носат, а е препознаен и кај нас и во светот.

Филип Букршлиев (композитор, гитарист) е добитник на наградата „Најдобар млад џез музичар“ за 2021, доделена од Скопскиот џез фестивал.

Истата таа награда, една година порано ја доби и фантастичната Андреа Мирческа, препознатлива по својот контрабас. Списокот со имиња на бендот го довршуваат не помалку бравурозните Благојче Томевски на бас кларинет и веќе добро познатиот на нашата публика Драган Теодосиев на тапани.

Нивниот студиски албум „The Essential Sunday Gloom“ (24 издание за ПМГ Џез), е прогласен за еден од најдобрите џез албуми во светот на музичката платформа bandcamp во 2021 година.

Такси Конзилиум е од оние бендови кои се совршени да ги проследите во живо. Совршен баланс од свирачка бравурозност, мелодиска убавина и импровизаторски излет.

Располагаат со смисол за хумор, топол грув и создаваат атмосфера за паметење. Добри мемории се токму главната состојка која го чини животот квалитетен. Поткровјето на „Паблик Рум“ е еден од најромантичните концертни простори во градот,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) “Error Kolektiv“, Сара Реџиќ и Александра Јовановска за крај на есенскиот Моден викенд Скопје

Редакција

Првиот Скопски градски фестивал ќе се одржи овој петок

Редакција

(Видео) Врчак се врати на музичката сцена, објави песна со ДНК, најави и нови

Редакција