37-годишна жена во Копаница пронајдена почината и со пиштол покрај неа, приведен сопругот

Жена на возраст од 37 години вчера со прострелна рана во главата е пронајдена почината во скопското село Копаница.

Станува збор за 37-годишната Х.Р.Ј. по потекло од Косово, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, покрај неа бил пронајден пиштол „глог19“, кој бил сопственост на нејзиниот сопруг Д.Ј. (42) од Копаница.

Тој оружјето го поседувал без дозвола, бил приведен, а во полицијата рекол дека по семејна расправија околу 10 часот таа извршила самоубиство.

Телото на починатата како што информираа од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје е дадено на обдукција. Од таму велат и дека се преземаат и дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.

За сопругот Обвинителството побарало притвор, кој бил прифатен од Судот.

За мажот за оружјето исто така е поведена истражна постапка за кривичното дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести