Здружението “Извор“ формирано од Милош Димитровски и неговата ќерка Стојна Димитровска Боотх го узурпирале локалитетот „Камени кукли“ во кратовското село Куклица и им наплаќале на туристи влезници, тврдејќи дека е во нивна сопственост.
Иако тоа го правеле веќе извесно време, информацијата стана топ тема откако за тоа информираше Маро Станојковски на својот Фејсбук профил, кој бил спречен да го посети локалитетот.
Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово информираа дека проблемот датира од 2024 година и дека за таткото и ќерката до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово е поднесен обвинителен акт за кривичното дело – узурпација на недвижности.
-Против лицето С. Д. е изречен и казнен налог поради закани со пуштање куче кон туристи кои го посетиле локалитетот ‘Камени кукли’ во село Куклица.
Во 2026 година против С. Д. и нејзиниот сопруг Е.М.Б. е поднесена кривична пријава по член 382 став 3 од Кривичниот законик за Спречување службено лице во вршење службено дејствие, информираа од Министерството за внатрешни работи.
За случајот е известен јавен обвинител од ОЈО Куманово, а ќе бидат известени и Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи, Трудовиот инспекторат, надлежениот инспектор од Министерството за култура и туризам и Општина Кратово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Општина Кратово со детали за узурпацијата на локалитетот „Камени кукли“
Фото: Фејсбук/Маро Станојковски













