Албанското знаме што утрово беше забележано на Самоиловата тврдина во Охрид го поставиле лица кои се претставиле како членови на фолклорна група од Косово.
Како што беше соопштено од СВР Охрид, тоа била првичната изјава на лицата одговорни на настанот, од кои две биле повикани во полициска станица како дел од активностите за расветлување на настанот.
Инаку, знамето што беше поставено на источниот дел од Самоиловата тврдина изутринава после кусо време било тргнато. Според непотврдени информации, наводно членовите на фолклорната група снимале некаков материјал за свои потреби, односно немало провокативна намера.
Случајот првично го забележале охриѓани кои живеат во тој дел на градот, кои направија фотографии на кои се забележуваат четири лица како го поставуваат знамето на тврдината. Преку социјалните мрежи беше објавена уште една фотографија на која се гледа како лице во албанска народна носија виори помало албанско знаме на кулата од тврдината.
МИА/Фото: Википедија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Големо албанско знаме поставено на Самоуловата тврдина во Охрид