Кој е Марко Колев, старо-новиот градоначалник на Велес

Марко Колев доби уште еден мандат да ја води Општина Велес.

еМагазин во серијал ќе Ви ги престави новоизбраните градоначалници во поголемите општини, од кои дел се нови лица, а дел се реизбрани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Марко Колев, старо-новиот градоначалник на Велес

Кој е Колев

Роден е на 13.04.1984 година во Велес.

Основното образование го завршил во ООУ ,,Благој Кирков” во Велес, а во родниот град го завршил и средното образование во ССОУ ,,Коле Неделковски”.

Високото образование завршил на Природно – математички факултет, насока Географија, при Универзитетот „Кирил и Методиј“ Скопје.

Работно искуство

Работел во Центарот за развој на Вардарски плански регион на позиција советник, а бил и раководител на Вардарскиот плански регион.

На негова иницијатива се отворила и првата канцеларија на Стопанската комора на Македонија во Велес.

Колев е татко на две малолетни деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Менди Ќира, новиот градоначалник на Струга

Кој е Владко Грозданов, новиот градоначалник на Кочани

Кој е Петар Јанков, новиот градоначалник на Струмица

Фото: Колев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести