еМагазин
Image default
Македонија

Можеби нема да се менуваат регистарските таблички, туку врз нив ќе се ставаат НМК налепници

Можеби нема да се менуваат регистарските таблички, туку врз нив ќе се ставаат НМК налепници, најави во неделното интервју на Радио Слободна Европа, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој вели дека оваа обврска произлегува од Преспанскиот договор, но дека е во тек дебата за начинот на кој ќе биде спроведена, со оглед на бројните реакции дека обновувањето би ги чинело граѓаните вкупно 11 милиони евра.

Вели дека се размислува и за друг, поевтин начин, односно за ставање налепници врз постоечките таблици.

„Имаме ние формирано веќе работна група во МВР којашто работи токму на овој аспект, бидејќи разговаравме и со министерот за транспорт и врски, имаме комуникација преку Министерството за транспорт и врски со „Макамтранс“ затоа што промената подразбира и промена во документацијата, дозволите и т.н и за мене е најважно што може да се помогне за сите.

Знаеме дека обврската е до наредната година да бидат променети табличките како што впрочем е и со документите и ние мислам дека за многу кратко време ќе имаме решение коешто би било поволно за граѓаните.

Јас така барем се надевам и очекувам со тоа што од друга страна ќе мора да се стават и норми на строги казни за сите оние коишто нема да го почитуваат тоа како решение. Мора да направиме комбинација којашто ќе биде од интерес на граѓаните меѓутоа и да имаме сериозна одговорност.

Така што, налепниците се една од опциите, меѓутоа кога ќе се донесе одлуката и решението ќе ги соопштиме на граѓаните. Секако дека нас ни е најважно да бидат задоволни граѓаните“, вели Спасовски во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

52% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина

Редакција

Вчера се вакцинирале 6.521 граѓани, што е двојно помалку за разлика од претходните денови

Редакција

Лично прашање е како некој го организира просторот во својата канцеларија, вели Ковачевски за „антистрес“ терапијата на министрите на ДУИ

Редакција