На 58-годишна возраст почина скопскиот бизнисмен Марјан Јованов познат како Мане Левис.
Неговата смрт ја потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР), од каде информираа дека вчера тој бил пронајден починат во базен во неговата куќа во скопски Карпош.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а неговото тело било дадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.
Јованов беше долгогодишен дистрибутер на брендот „Левис“ во Македонија.
Тој е и поранешен претседател на Одбојкарската федерација на Македонија.
Неговиот погреб ќе се одржи утре со почеток во 11:00 часот, на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.
Фото: Одбојкарска федерација на Македонија














