Од вечерва на полноќ цената на Еуродизелот (Д-Е V) се намалува за половина денар, а цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за исто така половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на дизелот ќе биде 80 денари за литар, на бензинот Еуросупер БС-95, 84,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98, 86,50 денари за литар.
Се намалува и цената на Мазутот М-1 НС за 0,796 денари и сега ќе се продава за 41,495 денари за килограм.
Цената на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) не се менува и останува 79,50 денари за литар.
Фото: Унсплеш














