Прв случај во Кавадарци и уште еден во Велес: На 65 се зголеми бројот на заболени со западно-нилска треска

Заклучно со 15. август, во Македонија се регистрирани вкупно 65 случаи на западно-нилска треска, соопштија од Институтот за јавно здравје.

Претходната недела бројот изнесуваше 58.

Од регистрираните случаи, а согласно дефиниција на случај, 60 се водат како потврдени, а пет како веројатни.

Според место на живеење на заболените, 60 случаи се од Скопје, бројот на заболени во Велес се зголеми на два, по еден случај има во Куманово и Свети Николе, а во Кавадарци е регистриран првиот случај.

Регистрирани се 64 автохтони случаи и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија.

Од регистрираните случаи, 51 или 78,5% се машки, а 14 или 21,5% се женски.

Во однос на возрасната дистрибуција, најголем дел се лица на возраст над 60 години – 51 (78,5%), осум се лица на возраст од 50-59, две лица на возраст од 40- 49 години, едно лице на возраст од 30-39, а три лица на возраст од 20-29 години.

Просечната возраст изнесува 66,1 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Преглед на заболени со западно-нилска треска по општини

Зошто сите починати од западно-нилска треска се мажи?

Како да се заштитите од комарци, кои пренесуваат западно-нилска треска

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести