еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

На маж во Кичево му слошило, паднал од електричен мотоцикл и починал

Почина 67-годишен кичевец, кој додека управувал електричен мотоцикл, му се слошило и паднал, соопшти МВР.

„Вчера, на улицата Партизански одреди во Кичево, на Е. Д. (67) му се слошило додека управувал електричен мотоцикл, без регистарски ознаки, по што паднал. Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција“, велат МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ердоган за санкциите кон Русија: Европа го жнее тоа што го посеа

Редакција

Убава вест: 99 оздравени од Ковид-19

Редакција

(Видео) Славески и го зеде микрофонот на Арсовска, таа нему копчето: Циркуз во Советот на Град Скопје

Редакција