Цената на нафтата надмина 90 долари поради кризата на Блискиот Исток

Како и што се очекуваше поради кризата на Блискиот Исток по нападот на Иран од страна на САД и Израел, цената на нафтата продолжува да расте и надмина 90 долари.

Цената на глобалната референтна нафта од типот „брент“ се зголеми за 7,28 долари или 8,52%, и вчера се продаваше за 92,69 долари за барел.

Кризата на Блискиот Исток предизвика бран нарушувања на енергетските пазари, а поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец е речиси целосно запрен.

Ако продолжи нарушувањето на сообраќајот низ Ормускиот теснец, преку кој се транспортира речиси една петина од нафтата што се троши во светот секој ден, цената ќе продолжи да расте.

Овој теснец го поврзува Персискиот Залив со глобалните пазари.

Прогнозите се дека цената веќе следната недела може да стигне до 100 долари за барел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран си создава нови непријатели

Цените на нафтата и златото почнаа да растат, светските берзи во црвено

Големиот бран напади врз Иран допрва доаѓа, најавија Трамп и Рубио

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести