Вчерашниот преглед кај ортопедот ме скрши целосно, а неговите зборови беа сурови: Не знам како вашето дете воопшто преживува со ваква страшна болка, вели во апелот за помош Славица Димитриевска, мајка на Нина Димитриевска, на која сме ѝ потребни за лекување.
„Нина страда нон-стоп, на буквално секои две минути добива остри удари од кои целото тело и се грчи во агонија. Секој ден пие по една полна рака апчиња, но апсолутно ништо не и помага, а кога го прашав докторот што да правиме за да и ја олесниме маката, тој само немоќно ме погледна и потврди дека за неа нема лек кој ќе ја смири болката. Тоа го знаев и самата секој момент гледам како моето дете венее во страшни маки, а јас само сум немоќна покрај неа.
Нејзиниот пекол не се решава со никакви медикаменти, туку само и единствено со сложена операција која мора да се направи веднаш, а за која ни требаат 100.000 евра! Оваа сума е мојот најголем товар и страв, бидејќи без неа Нина ќе остане заробена во овој живот на постојани болки од кои нема враќање.
Преморена сум и целосно прекршена од оваа битка… Ве молам од дното на душата, не дозволувајте парите да бидат причината моето дете да остане да се грчи во болки засекогаш подадете ни рака, донирајте и помогнете ми да ја спасам,“ се вели во апелот за помош.
За донации ОВДЕ.














