еМагазин
Локално

Несекојдневна случка: Кај патарината Петровец, возило удрило во дива свиња

Возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички синоќа удрило во дива свиња која претрчала на автопатот Скопје – Велес,  после патарината Петровец.

Како што потврдија од МВР, незгодата се случила во 21:15 минути, а возачот и совозачот не се повредени. Поминале само со гребнатинки, но причинета е материјална штета на возилото.

Според портпаролот Ивица Илиевски, по укажаната медицинска помош возачот и совозачот биле пуштени на домашно лекување.

Поради дивата свиња, сообраќајот доцна синоќа одредено време бил во прекин.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени тројца штипјани под сомнение дека ограбиле аптека во Скопје

Редакција

Познат идентитетот на 36-годишниот маж од делчевско кој загина во пожар во неговата куќа

Редакција

19 лица приведени на фестивалот во Дојран поради пронајдена дрога

Редакција