Невреме со пороен дожд и град, најавено за попладне и утре

Денеска попладне, во текот на ноќта и утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и невреме со појава на град.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести