Незаконски ги чувале работните места и земале двојни плати: Антикорупциска ќе поднесе пријава за поранешни членови на Управниот и Надзорниот одбор на ТЕЦ Неготино

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница одлучи да поднесе пријава до Основното јавно обвинителство за поранешни членови на Управниот и Надзорниот одбор на државната ТЕЦ Неготино, оти незаконски ги чувале работните места и земале двојни плати.

Наместо преку јавен оглас, како што налага Законот за трговски друштва во државна сопственост, тие останале на работа, а како оправдание им биле менаџерските договори врз основа на кои им било овозможено да изберат дали ќе останат во државното акционерско друштво или ќе се вратат на старите работни места од каде дошле пред изборот.

Дополнително, како што објасни членот на Комисијата, Сервет Демири, тие добиле средства во вид на апанажа врз основа на менаџерски договори во висина од целосни 12 плати, што претставуваат дополнителни приходи на редовната плата која ја добивале, а тоа значи дека како вработени во Друштвото добивале редовна месечна плата и плус една плата согласно менаџерските договори.

Од Антикорупциска утврдиле дека овие наводи се потврдуваат и согласно Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести