еМагазин
Image default
Бизнис

НЛБ Банка избрана за најдобра банка според финансискиот магазин „Euromoney“

На 10 јули 2019 година, на свеченото доделување на Euromoney наградите во Лондон. НЛБ Банка АД Скопје е прогласена за најдобра банка во Р. Северна Македонија, информираат од Банката.

“На годинешното јубилејно 50. свечено доделување на наградите на реномираниот британски магазин „Euromoney“ беа доделени награди на најдобрите банки и финансиски институции од целиот свет. НЛБ Бaнка АД Скопје е добитник на наградата за најдобра банка во Р. Северна Македонија, што претставува уште една потврда за нејзиното успешно работење и остварените позитивни резултати.

Доделувањето на Еuromoney наградите се базира на различни критериуми, при што покрај остварените деловни резултати, се земаат предвид пазарната позиција, иновативноста, новите услуги, системот на управување и професионалноста на вработените.

Процесот на избор трае повеќе од два месецa со учество на новинари и кореспонденти на Euromoney магазинот кои го имаат завршниот збор при изборот на добитниците на наградите.

НЛБ Банка и понатаму ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови и како современа и иновативна банка да биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси.

Паралелно со постојаното надградување на дигиталните сервиси, континуирано ќе ја осовременува и проширува мрежата на експозитури, сè со цел поголема достапност за клиентите, поедноставување на работењето и подобрување на услугите кои ги нуди.

Покрај наградата за НЛБ Банка АД Скопје, оваа година НЛБ Групацијата е добитник на уште три награди: награда на НЛБ д.д. Љубљана за најдобра банка во Словенија, награда за најдобра трансформација во регионот на Југоисточна Европа и награда за НЛБ Банка Подгорица за најдобра банка во Црна Гора.

НЛБ Групацијата е единствена универзална финансиска институција фокусирана исклучиво на регионот на Југоисточна Европа и нуди сеопфатна понуда на финансиски продукти и услуги“, велат од Банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради корона вирусот: „Македонијатурист“ со загуба од 12,6 милиони денари за шест месеци

Редакција

Алкалоид ќе дели дивиденда повисока за 10% споредно со 2020

Редакција

Најмногу тендери добила фирмата Ки-ем, највредни Димакс рудници: Зимското одржување на патиштата ќе чини најмалку 8 милиони евра

Редакција