(Видео) НЛО летало и над Егејското Море: Пентагон декласифицираше нови документи

По налог на американскиот претседател Доналд Трамп, Пентагон декласифицираше нови документи за неидентификувани летачки објекти (НЛО).

Истите се базираат на сведоштва ма цивили и од астронаути, а се однесуваат на период од неколку децении, пренесуваат светските медиуми.

Станува збор за околу 160 датотеки, кои се достапни на страната на американското Министерство за одбрана.

Се најавува објавување на уште документи.

Во нив меѓу друго има и претходно класифицирани транскрипти од разговори меѓу астронаути за време на мисиите на Месечината – Аполо 11, Аполо 12 и Аполо 17 во шеесетите и седумдесетите години од минатиот век.

Астронауите меѓу друго објаснуваат за неколку необјаснети феномени за време на нивното патување на Месечината. Тие виделе прилично силен извор на светлина, честички и блесоци светлина, како и трепкачки светла додека биле во вселенското летало.

Цивил пак во 1957 година на ФБИ му кажал дека видел голем, кружен објект како се издига од земјата.

Слични сведоштва на цивили има и од 2023 година.

Документите откриваат и дека во 2022 година, видео снимено на Блискиот Исток, покажува овален објект кој брзо се движи од лево кон десно и е означен како „можна ракета“ во придружен извештај.

Во дел од документите се опишуваат и случаи на објекти кои изведувале маневри кои според сведоците, не можат лесно да се објаснат со позната технологија.

Исто така, воен извештај открива дека во 2023 година над површината на Егејското Море летало НЛО кое правело „повеќекратни вртења од 90 степени со проценета брзина од 130 километри на час“.

Од друга страна пак американските власти тврдат дека досега немало потврдени докази за постоење на вонземска технологија.

Фото/видео: американско Министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести