Македонската берза објави преглед за тоа како работеле друштвата кои котираат на Берзата во првиот квартал.
И во овој период нема никакви изненадувања, најголема добивка оствариле банките.
Седум банки кои котираат на Берзата, оствариле добивка од 2,9 милијарди денари, која сепак е помала од таа која ја оствариле во првиот квартал лани – 3,1 милијарди денари.

Поголема добивка имаат друштвата од нафтениот сектор, кои котираат на Берзата – 1,1 милијарда денари. Лани во истиот период таа била 266,8 милиони денари.

Многу полошо пак работеле друштвата од секторот угостителство, кои котираат на Берзата. Годинава се во минус од 47,2 милиони денари, а лани имале добивка од над 14 милиони денари.
Подобро од лани работеле и друштвата кои котираат на Берзата и во секторот фармација.

Од сите друштва во првиот квартал 62 работеле со добивка, а 21. со загуба.

Како работеле сите друштва ОВДЕ.














