Кој е Изет Меџити, копретседателот на Вреди

Изминатиов викенд владејачката коалиција Вреди и официјално стана партија на Конгрес, кој се одржа во македонската Филхармонија во Скопје.

Истатата ќе има двајца копретседатели – Изет Меџити, кој беше лидер на Демократско движење и Биљал Касами, кој беше претседател на Беса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои ќе бидат претседатели: Вреди денеска станува партија

Беким Сали, кој беше лидер на Алтернатива, пак е генерален секретар.

Освен овие три партии во коалицијата беа и крило на поделената Алијанса за Албанците, како и подржувачи на партијата на косовскиот премиер, Албин Курти, Самопределување, па новата партија ќе има пет потсекретаријати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Кој дојде на Конгресот: Вреди стана партија

Кој е Изет Меџити

Тој е актуелен градоначалник на Општина Чаир. На оваа позиција беше избран на последните локални избори лани, а на оваа функција е по четврти пат.

Роден е на 8. февруари 1977 година.

Завршил високо образование на Економскиот факултет во Скопје, во 2000 година, каде што се стекнува со диплома од областа на финансискиот менаџмент и сметководство.

Во 2018 година станал и магистер со тезата „Современите предизвици на локалниот економски развој – студија на случај Општина Чаир“.

Зборува и англиски јазик.

Професионална и полтичка кариера

Неговата професионална кариера ја започнал како професор во средното економско училиште „Арсени Јовков“ во Скопје, каде што предава од 2001 до 2004 година.

Од 2005 до 2017 година како кадар на ДУИ, пак, Меџити е градоначалник на Општина Чаир, каде што беше континунирано избиран во три мандати.

Во 2020 година, Меџити е избран за пратеник во македонското Собрание.

Во 2023 година ја напушти ДУИ и основа, и стана лидер на партијата Демократското движење.

Во 2024 година, Меџити стана прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Изет Меџити, новиот градоначалник на Чаир

Кој е Биљал Касами, копретседателот на Вреди

Фото: Меџити/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести