еМагазин
Балкан

Нов пожар во источниот дел на областа Атика во Грција

Од 6.40 часот утрово по локално време, грчката противпожарна служба, со девет пожарникари, три возила и еден хеликоптер го гаси шумскиот пожар што изби во населбата Неа Макри, во источниот дел на областа Атика.

Неа Макри се наоѓа многу блиску до населбите што беа зафатени од катастрофалните пожари на 23 јули, во кои животот го загубија над 90 лица.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според картата за опасност од пожари објавена од Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, за денес, областа Атика, заедно со полуостровот Евија и островите Скирос, Лезбос, Хиос, Самос и Икарија се во портокалова боја, односно со многу висока опасност (четврта категорија) од појава на пожари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден загинат при судир на два камиони во Бугарија, едниот со македонски регистарски таблици

Редакција

(Видео+фото) Големи пожари и на грчките острови Крф и Евија и на Пелопонез

Редакција

Од денеска построги рестрикции за влез во Грција од Македонија и Албанија

Редакција