еМагазин
Image default
Македонија

Поради отсуство на обвинетата, одложено судењето за медицинската сестра од Онкологија која крадела цитостатици

Судењето против медицинската сестра од Клиниката за онкологија која е обвинета за проневера во службата со сомнение дека крадела цитостатици вчера беше одложено за 4. декември, информираа од Основен Кривичен суд Скопје.

– Главната расправа за предметот со К.бр. 1990/23 против А.О. за кривичното дело Проневера во службата од чл. 354 ст.1 од КЗ, а поврзано со работењето во Универзитетската клиника за радиологија и онкологија Скопје, се одложи, стои во соопштението од Кривичен суд.

Причина за одлагањето, како што велат од Судот, е тоа што јавниот обвинител не примил уредна покана заради штрајк на јавно обвинителската служба, како и отсуство на обвинетата за која не е вратена достава за прием.

– Присутен на расправата беше адвокат на обвинетата, ангажиран од семејството, со уредно полномошно, дополнуваат од Кривичен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за медицинската сестра од Онкологија која крадела цитостатици, таа е недостапна за органите на прогонот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Дури 75% од сите случаи на Ковид-19 се асиптоматски, со носењето маска се штитиме себе и другите

Редакција

(Фото) Првиот контингент македонски мировници во КФОР заминаа во Косово

Редакција

Поранешната градоначалничка и инспекторка, Миликијe Халими стана директорка на АД „Аеродроми„

Редакција