Од утре до среда дожд и грмежи и пад на температурата

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираа дека од утре до среда ќе има промена на времето.

Во овие два дена под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.

Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните делови.

Утринската температура ќе биде во опаѓање.

Ќе дува и северен ветер, кој во четврток ќе биде засилен, повремено силен.

Во Скопје, до среда времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и услови за појава на грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Ќе дува ветер од северен правец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести