Деновиве Министерството за внатрешни работи (МВР) во кординација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција изврши претрес во Алфафарм ДОО Скопје, чиј косопственик беше уапсен во Србија при заплена на пет тон марихуана.
Претреси беа извршени и во фирми од бизнисот со медицински канабис во струмичко.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одземени 40 тони марихуана и 1.300 шишиња масло од канабис: МВР се огласи за акцијата
При претресите во Скопје и струмичко биле утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои фирмите ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што беа запленети околу 40 тони марихана и над 1.300 шишиња произведено масло од канабис, информираа од МВР.
Кога е легализирана медицинската марихуана
Во Македонија одгледувањето и производство на канабис и екстракти од коноп е легализирано на 9. февруари 2016 година.
Системот за медицински канабис во земјава е различен од повеќето земји во Европа. Македонија го прифати канадскиот модел кој на приватните компании им дозволува одгледувањето, дистрибуцијата и продажбата на канабисот, наместо проиводство под државен монопол.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ексклузивно: Кои се фирми имаат лиценца за производство на медициниски канабис
Дозвола за одгледување канабис
За да една фирма добие одобрение за одгледувањето, дистрибуцијата и продажбата на канабис треба да исполни неколку услови.
Треба да обезбеди соодветни простории, површини или земјиште за одгледување, сушење и складирање, соодветно опремени за производство.
Просторот треба да биде заштитен атмосферски со ограда од најмалку четири метри во висина, со жица пред оградата, завиткана во три реда и бодликава жица над оградата.
Фирмата треба да обезбеди 24-часовен видео надзор над целиот простор и да има 24-часовно физичко обезбедување.
Треба да има вработено најмалку четири лица од кои најмалку едно лице треба да биде дипломиран фармацевт со работно искуство од најмалку три години во областа на фармацијата и еден агроном – оддел за производство на растителни култури, со работно искуство од најмалку три години во оваа област.
Апликацијата за добивање на одобрение за одгледување канабис се доставува до Министерството за здравство.
Постапка за сеење/садење канабис
Правното лице кое има одобрение за одгледување канабис, пред да започне со сеидбата/садењето, е должно да поднесе барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заради добивање на одобрение за сеидба/садење канабис.
Фирмата, по добивањето на одобрението за сеење/садење канабис е должно, пред почетокот на сеидбата/садењето на семето канабис, да го извести Министерството за здравство, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за лекови и медицински помагала.
Постапка за берење и сушење на коноп
Одгледувачот на канабис доставува извештај до Министерството за здравство, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за лекови и медицински помагала за завршениот процес на одгледување и добиената вкупна сува тежина, во рок од три дена од денот на завршениот процес на одгледување.
Дозвола за производство на екстракти од коноп
Правното лице доставува Барање за дозвола со придружни документи доАгенција за лекови и медицински помагала, која донесува одлука по разгледување на барањето.
Извоз – увоз
Според постојното законодавство, дозволен е само извоз на финални производи (екстракти, гранули, масло и слично). Компаниите што одгледуваат канабис во Македонија не смеат да го извезуваат растението и смрзнато, свежо или сушено.
Крајните производи може да се класифицираат, а со тоа и да се извезат, како три вида, во зависност од содржината на ТHC во производот: храна – под 0,001% THC, производ на гранична линија – помеѓу 0,001% и 0,2% THC (исто така производи од канабис кои имаат малку THC, но содржат други канабиноиди, како што е CBD, спаѓаат во оваа група) и медицина – над 0,2% THC.
Агенција за лекови и медицински помагала е официјално тело што дава дозвола за извоз на производи и лекови од граничната линија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е фирмата Алфафарм регистрирана во Македонија, чиј косопственик е уапсен во Србија














