Институтот за економски истражувања и политики Finance Think во нивната кратка анализа на социјалните мрежи, одговорија на главното прашањето кое се поставува по војната на Блиски Исток, а тоа е дали следува глобален нафтен шок? Според нив, одговорот дека следува нафтен шок е избрзан.
Од таму велат дека истото прашање го поставиле и во деновите кога САД изврши интервенција врз нуклеарните капацитети на Иран, во јуни 2025.
„Ормуски Теснец е клучен коридор за глобална трговија со нафта и течен природен гас (LNG). Низ теснецот се испорачуваат 30% од глобалната поморска трговија со нафта, 20% од глобалната трговија со природен гас. Саудиска Арабија е најголем извозник на нафта преку теснецот, додека Катар предводи во извозот на природен гас. 80% од природниот гас што минува низ теснецот оди за Азија, 20% за Еропа,“ се вели во нивната анализа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на нафтата и златото почнаа да растат, светските берзи во црвено
Фото: Finance Think/Unsplash














