Огнената линија во прилепскиот дел на Мариово е 20 км и тој пожар е најголем, информираше Ангелов

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека пожарот во прилепскиот дел на Мариово, кој синоќа зафати делови од селото Чаниште, повторно се активирал денеска околу пладне поради засилен ветер.

Огнената линија во моментов се протега на околу 20 километри, од течението на Црна Река до врвот Маргаро, поради што е најголем во Македонија.

Куќите кои синоќа беа зафатени од овој пожар, биле напуштени, а жителите се вратиле во своите домови и никој не е повреден.

Пожарникарите вечерва ќе се борат да го заштитат селото Крушевица, кое се наоѓа на неколку километри од местото на пожарот.

Работата ја отежнуваат високата сува трева и ветерот, кој постојано дува. Во гаснењето биле ангажирани и „ер трактори“ на ДЗС, кои успеале да прекинат дел од огнената линија и значително да го намалат делот што го загрозува блискиот манастир и селото.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести