Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност водат истрага за околу 20 портали и страници на Фејсбук и Инстаграм, поради сомневање дека истите се користеле за организирано ширење говор на омраза и поттикнување тензии преку содржини поврзани со односите меѓу Македонија и Бугарија, објави порталот Скопје 1.
Како што пишува порталот, повикувајќи се на свои извори, истражните органи веќе обезбедиле дел од доказниот материјал, и дека истрагата продолжува.
Предмет на истрагата е и начинот на финансирање на дел од овие активности.
еМагазин исто така периодов пишуваше за овој тренд, кој започна во 2022 година, а стана многу повидлив изминатава година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе влезе ли во извештај на ЕУ и засилената хибридна кампања против Македонија од Бугарија
На порталите и Фејсбук групите поврзани со Бугарија, неодамна предупредија и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и неговиот заменик, Зоран Димитровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш














