еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Омиленото Битолско млеко со 10 витамини ја поддржа детската трка „Охрид трчаТ“

Со поддршката дадена од брендот Битолско млеко со 10 витамини се одржа детската трка во Охрид како дел од традиционалната спортско-рекреативна манифестација „Охрид трчаТ“, информираат од компанијата.

Приближно шестотини првачиња трчаа и се рекреираа во ревијалната трка и се информираа за здравите животни навики преку правилна рекреација и исхрана.

Присуството на брендот Битолско млеко со 10 витамини и поддршката токму на оваа трка е во насока на едукација на децата за потребата од дополнително внесување витамини и минерали преку омилениот детски напиток – Битолско млеко.

Битолското млеко со 10 витамини покрај основните нутритивни состојки, протеини, калциум, фосфор, има дополнително збогатен состав со десетте најважни витамини неопходни за детскиот раст и развој, така што со консумирање на ова млеко се внесуваат и витамините Д3, А, Е, Б12, Б9, Б1, Б5, Б6, Б7 и Б3.

Овие витамини се од исклучителна важност за правилно функционирање на организмот и нивното внесување во секојдневната исхрана е повеќе од неопходно.

Многу од овие витамини не се дел од состојките во дневното мени, а се од исклучителна важност за правилно функционирање на организмот.

На неформалната детска трка сите првачиња кои истрчаа по 100 метри беа победници, за што добија медал финишер и подарок од Бимилк, она што им е најпотребно на децата за повеќе енергија и здравје – Битолско млеко со 10 витамини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бебето Бехра родено на ГАК со 665 грама заминува дома со 2.190 грама

Редакција

Австралијанецот, со македонски корени Џим Ристевски повторно со хуман гест: Собра 28.000 австралиски долари за хемотерапија на малиот Јаков

Редакција

(Фото) Најстариот жител на Делчево го прослави 101 роденден

Редакција