еМагазин
Image default
Бизнис

Џонсон Мети со зголемени приходи и продажба

Продажбата на Џонсон Мети заклучно со 30 септември е 1,9 милијарди фунти, зголемена за 21% и е поттикната од силното закрепнување на „Чист воздух и ефективни природни ресурси“, информираат од компанијата.

„Основниот оперативен профит од 293 милиони фунти е зголемен за 102% и се наоѓа на нивоата пред пандемијата, поттикнат од силниот раст на продажбата и повисоките просечни цени на благородните метали.

Основна заработувачка по акција е од 114.8 пени, како одраз на повисока основна оперативна добивка и пониски нето финансиски трошоци.

Слободен готовински тек од 189 милиони фунти, стекнат од континуираното силно управување со обртните средства (1П 2020/21: 256 милиони фунти).

Силен биланс на состојба со нето долг од околу 700 милиони фунти, бидејќи од помалата побарувачка за автомобили корист има обртниот капитал, нето долг кон EBITDA од 0,9 пати.

Поврат на вложениот капитал (ROIC) од 17,7%, што е зголемување од 10,4% во претходната година, поттикнат од повисока основна оперативна добивка,“ информираат од компанијата.

Пријавени резултати

Приходите се зголемени за 23% примарно поттикнати од повисоките просечни цени на благородните метали.

„По објавување на нашата намера да излеземе од Battery Materials, средствата се оштетени за 314 милиони фунти. Оперативна добивка од 20 милиони фунти, како одраз на еднократното оштетување од Battery Materials.

Загуба пред оданочување од 9 милиони фунти, поттикната од помалата оперативна добивка.

Пријавена загуба по акција од 14,8 пени. Готовински прилив од оперативни активности од 412 милиони фунти (1 П 2020/21: 482 милиони фунти).

Рана дивиденда од 22,0 пени по акција, зголемена за 10%. Откуп на сопствени акции од 200 милиони фунти, почнувајќи во Новата година,“ додаваат од компанијата.

Клучни случувања

Силни перформанси на тргување, се со силен раст на продажбата поттикната од закрепнувањето на “Чист воздух и ефективни природни ресурси“.

„Промени на портфолиото – договорена продажба на Advanced Glass Technologies за 178 милиони фунти и се водат разговори за потенцијална продажба на “Health“. Најавена намера за излез од Battery Materials. Добар моментум во нашите бизниси со водород на Fuel Cells и Green Hydrogen (горивни ќелии и зелен водород).

Нов петгодишен рамковен договор со EKPO (ElringKlinger Plastic Omnium JV) за снабдување со компоненти на горивни ќелии за примена во комерцијални возила.

По завршување на проширување на капацитетот на нашите водородни технологии, во Обединетото Кралство и Кина, планираме понатамошно проширување низ овие региони. Зголемување на системот на можности со синиот водород – сега над 20 проекти – вклучувајќи го и HyNet кој продолжува да се движи кон комерцијализација во 2025 година.

Во Clean Air сме на пат за силно генерирање готовина во 2021/22 година. Испорачани 42 милиони фунти заштеда на трошоци, од нашата вкупна програма од 110 милиони фунти годишно до 2023/24,“ велат од компанијата.

Главниот извршен директор, Роберт Меклеод изјави дека испорачале издржливи перформанси за тргување во она што беше предизвикувачко опкружување, со оглед на нестабилноста на синџирот на снабдување што влијаеше на голем број наши крајни пазари.

„Гледајќи напред, променливиот свет околу нас значи дека Џонсон Мети никогаш не бил порелевантен.

Нашата метална експертиза и технологии за процесирање се клучни за многу нови пазари фокусирани на решенија за климатски промени кои ни даваат силна конкурентска предност.

Имаме силни основи во “Чист воздух и ефективни природни ресурси“ и возбудливи можности да го поттикнеме нашиот иден раст во циркуларноста, водородот и декарбонизацијата.

За да се осигураме дека ги фокусираме нашите ресурси на овие основни можности за раст, донесовме некои стратешки одлуки околу нашето портфолио.

Конкретно, ја објавивме нашата намера да излеземе од Battery Materials, бидејќи заклучивме дека овој бизнис нема да генерира соодветен принос за нас. Дополнително, денеска објавуваме дека договоривме продажба на Advanced Glass Technologies и разговараме за потенцијалната продажба на нашиот здравствен бизнис.

По осум години во оваа улога, ќе се повлечам од функцијата главен извршен директор, а Лиам Кондон ќе се приклучи како мој наследник од 1 март 2022 година и му посакувам добро во водењето на Џонсон Мети во следната фаза од неговата еволуција,“ вели Меклеод.

Изгледи за годината што завршува на 31 март 2022 година

Очекувањата на компанијата за насоките за годината што завршува на 31 март 2022 година се непроменети од ажурирањето за тргување од 11 ноември.

„Побарувачката останува силна во многу од нашите крајни пазари. Сепак, нестабилноста на синџирот на снабдување, особено недостатокот на полупроводници, влијае на производството на голем број наши клиенти за автомобили и камиони.

Глобалното производство на автомобили сега се предвидува да се намали за 5% за нашата фискална година, што е намалување за 14% од нашето ажурирање на тргувањето во јули.

Следствено, се намалија и цените на благородните метали, најмногу поради помалата побарувачка од автомобилската индустрија. Ние, исто така, доживуваме акутен привремен недостиг на работна сила во САД што негативно влијае на нашиот здравствен бизнис.

За 2021/22 година очекуваме растот на основните оперативни перформанси да биде низок едноцифрен при постојани цени на благородни метали и константна валута.

Доколку цените на благородните метали останат на нивното сегашно ниво до крајот на оваа година, би очекувале нето корист за цела година од околу 45 милиони фунти.

Според тековните девизни курсеви, преводните девизни движења за годината што завршува на 31 март 2022 година се очекува негативно да влијаат на основната оперативна добивка за околу 15 милиони фунти.

Нашите капитални расходи сега се очекуваат да бидат околу 450 милиони фунти за годината, со оглед на нашето планирано излегување од Battery Materials,“ велат од Џонсон Мети.

Дивиденда и откуп на сопствени акции

Одборот одобри рана дивиденда од 22,0 пени по акција, што претставува зголемување од 10% во однос на претходната година (1 H 2020/21: 20,0 пени по акција). Раната дивиденда ќе биде исплатена на 1 февруари 2022 година на акционерите во регистарот на 3 декември 2021 година.

Одборот, исто така, одобри откуп на сопствени акции од 200 милиони фунти што ќе започне во Новата година.

Како што беше претходно најавено, Роберт Меклеод ќе се повлече од функцијата главен извршен директор и од одборот на 28 февруари 2022 година.

Роберт ќе остане да го поддржува процесот на транзиција до Годишното генерално собрание на компанијата на 21 јули 2022 година, кога потоа ќе се повлече од Џонсон Мети.

Лиам Кондон ќе го наследи Роберт Меклеод на 1 март 2022 година.

Главен извршен директор на Clean Air, Џоан Брака, ќе си замине од компанијата на 31 декември 2021 година.

Подетални информации за полугодишните резултати за минатите шест месеци, завршно со 30 септември 2021 година, може да добиете на интернет страница на компанијата на следниот линк: matthey.com.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Откажани утрешните летови Атина – Скопје и обратно, поради штрајк на контролорите на летање

Редакција

Хари Костов и Маја Стевкова Штериева остануваат во Управниот одбор на Комерцијална банка уште шест години

Редакција

Кој има интерес од Законот за игри на среќа и од враќање на диви обложувалници и сива економија, прашуваат од АСОМ

Редакција