Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците од денес функционира во нов објект.
Премиерот Зоран Заев изјави дека Владата донела одлука за купување на објектот за Министерството за политички систем на 30 декември 2020 година и дека оваа одлука е донесена со цел да се обезбедат максимални услови за работа на оваа министерство.
„Доследно почитувајќи ги европските вредности, како Влада обезбедуваме заштита на сите прашања кои се однесуваат на политичкиот живот и односите меѓу заедниците, почитувајќи го спроведувањето на правото на употреба на јазиците и писмата на заедниците и гарантирањето на заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на заедниците,“ рече Заев.
Објектот е во вредност од 14 милиони евра.
Фото: Министерство за политички систем