Порака за еднаквост, видливост и почитување на човековите права на ЛГБТИК+ заедницата, беше испратена вчера на Скопје Прајд, кој во Скопје се одржа под мотото „Сите нека знаат“.
Дел од нив, како што истакнаа организаторите, се изложени на дискриминација, стигматизација и несигурност поради нивната сексуална ориентација или родов идентитет.
„Овие луѓе се наставници, доктори, клиенти, инфлуенсери, нечии колеги, пријатели, соседи, тие се дел од семејство и тие заслужуваат достоинство и почит за тоа кои се, а нe институционален наплив на омраза и уназадување на веќе стекнати права,“ порачаа организаторите.
Освен пораката за видливост, учесниците протестираа бидејќи ЛГБТИК+ популацијата поради својата отвореност, станува предмет на бездомништво, без покрив над главата и цел на насилство,
Собирот почна во 18 часот кај фонтаната „Лотосов цвет“ во Градскиот парк, а протестниот марш тргна во 19 часот. Поворката се движеше по булеварот Илинден, улицата Франклин Рузвелт, булеварот Партизански Одреди, улицата Димитрие Чуповски и заврши во паркот „Жена борец“ спроти Собранието.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Во Битола се одржа контра – парада – „Вистинска парада на гордоста“
Во Скопје денеска Скопје прајд, ќе има посебен сообраќаен режим
Фото: Мета/Амбасада на Шведска













