Папата Франциск ги повика семејствата повеќе директно да разговараат, а помалку да комуницираат преку мобилни телефони.
Тој им се обрати на верниците на Плоштадот Свети Петар дека семејствата треба да го следат примерот на Исус, Марија и Јосиф, кои се „молеле, работеле и разговарале“.
– Се прашувам дали вие, во вашите семејства знаете како да разговарате или сте како оние деца кои седат на маса и секое разговара на мобилен телефон… каде владее тишина како на миса и не постои разговор, истакна папата.
Тој ги повика сите да се вратат на директни разговори во семејствата.
– Татковци, родители, деца, баби и дедовци, браќа и сестри, ова е задача која уште денеска треба да ја усвоите, нагласи поглаварот на Римокатоличката црква.
МИА/Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.