Пет месеци по изборот, уставниот судија Гоце Наумовски си поднесе оставка

Уставниот судија Гоце Наумовски си поднесе оставка, а оставката ја доставил до Собранието, но без да го извести и Уставниот суд.

„До Судот, од страна на судијата Гоце Наумовски не е доставена официјална информација дека поднесува оставка. Судијата денеска беше отсутен од седницата. Официјална потврда не е пристигната ниту од Собранието. Претседателот Костадиновски единствено доби потврда за оставката во телефонски разговор од претседателот на Собранието Африм Гаши“, соопшти Уставниот суд.

Оставката е неотповиклива, а неофицијално ја поднел поради професионални и лични причини.

Наумовски за уставен судија беше избран на 18. февруари годинава, откако професорката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска во декември лани си поднесе оставка поради здравствени и лични причини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професорот Гоце Наумовски избран за нов уставен судија

Кој е Гоце Наумовски, кој е избран за уставен судија

Професорот на Правниот факултет, Гоце Наумовски, предложен за нов уставен судија

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести