еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Почнува 14. ЕХО фестивал за планински филм

„Во замрзнувач: Диретисимата Вокер“, Франција, „До планините и назад“, Канада и „Подземје“, Канада, вечер во Кино Фросина, МКЦ, го отвораат 14. издание на ЕХО фестивалот за планински филм.

Фестивалот ќе трае до 27 октомври и ќе понуди 55 филмови. Проекции ќе има во три кино сали, во Фросина и во Џепното кино (МКЦ), како и во Кинотека.

За време на фестивалските денови ќе бидат прикажани и архивски филмови од документаристот Трајче Попов, во соработка со Кинотеката.

-За годинашново издание успеавме да составиме програма од 55 филмови, објавување нова книга, четири презентации, мастер клас од полски режисер, еколошка панел дискусија, филмски фокус на македонски автор документаристот Трајче Попов (проектиран на филмска лента во Кинотека), велат организаторите.

Во рамки на ЕХО фестивалот ќе има и конкурс за најдобра планинска фотографија, собрание на Меѓународна алијанса за планински филм, изложба на фотографии, како и четири детски работилници во дополнителната програма. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Директорот на „Комунална хигиена“ работеше заедно со работниците на терен

Редакција

(Фото) Скопската Зоолошка наполни 93 години

Редакција

(Видео) Еко-возилата на велешки „Брако“ во холивудски хит-филмови

Редакција