Полицаец вработен како обезбедување во Собранието заработи кривична оти возел без положен возачки испит

Полицаец од службата за обезбедување во македонското Собрание заработи кривична пријава оти возел без положен возачки испит, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Тој бил фатен како го управува негово лично возило „бмв“ во центарот на Скопје.

Станува збор за лицето А.Б, а како што информираат од МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднел кривична за него до Основното јавно обвинителство.

-Пријавениот А.Б., полициски службеник во Одделението за обезбедување на Собрание на РСМ, Сектор за обезбедување на објекти од државен интерес при Оддел за заштита на определени личности и објекти, на 12.02.2026 година на улицата „11 Октомври“ во Скопје управувал негово лично патничко моторно возило „бмв“ без положен возачки испит, односно без возачка дозвола, кое по наредба на јавен обвинител е одземено.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против А.Б. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност“, информираа од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести