Постои сценарио Македонија да влезе во Европската унија (ЕУ) на почетокот на 2027 година, без право на глас, откри премиерот Христијан Мицкоски во во интервју за телевизијаКанал 5.
Според него оваа сценарио предвидува освен земјава, дел од ЕУ без право на глас да станат и Украина, Црна Гора и Албанија. Земјивме би учествуваме во работата на советот, комисиите, телата на Унијата, со многу внатрешни контролни механизми.
-Како ќе ги затвора поглавјата, земјата постепено да се интергрира сè додека целосно не го адаптира својот систем на она што го бара Европската унија, рече тој.
За да се случи тоа требало да бидат исполнети два задолжителни услови. Првиот, како што рече, земјава го има исполнето прва во регионот, а тоа е заедничката надворешна и безбедносна политика со ЕУ, а вториот е владеењето на правото.
На прашањето дали за Македонија услов ќе бидат и уставните измени, тој одговори потврдно.
-За нас претпоставувам дека и тоа ќе биде, бидејќи е прифатено од страна на претходната влада, рече тој.
За да се дојде до такво сценарио зависело од многу параметри, како и тоа дали ќе се постигне мировен план за Украина, рече тој.
Фото: Игор Бансколиев














