Познат идентитетот на битолчанката која ги избоде баба ѝ и дедо ѝ, пратена е во Психијатриската болница во Демир Хисар

Познат е идентитетот на битолчанката која со нож во семејната куќа во Битола ги избоде баба ѝ и дедо ѝ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внука со нож ги избодела баба ѝ и дедо ѝ во Битола

Станува збор за Е.Т. (26) од Битола, која како што информираа од Секторот за внатрешни работи Битола е пратена во Психијатриската болница во Демир Хисар, каде ќе продолжи да се следи нејзината здравствена состојба.

Таа била пронајдена 40 минути по нападот по што била уапсена.

Нејзината баба Н.С.(70) и дедо П.С. (78) се пренесени во Клиничка болница Битола.

За неа по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за кривично дело – обид за убиство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести