еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Пријави се за учество во добротворниот хакатон „KindHack“

Симфони Солушнс ве повикува да учествувате во добротворниот хакатон „KindHack“, кој ќе се одржи на 22 и 23 септември во просториите на Симфони Солушнс во Скопје. Oвој 48-часовен предизвик има за цел да собере и поттикне млади, креативни и иновативни луѓе да изработат демо или готови софтверски решенија, со цел олеснување на секојдневните предизвици со кои се соочуваат невладините организации.

Хакатонот е отворен за сите креативни индивидуалци и тимови кои имаат желба да работат на ваков проект, а имаат и познавања од областа на развој на софтвер. За учество на хакатонот, треба да се пријавите на следниот линк.

Oваа прилика ја користиме да ги потсетиме сите заинтересирани невладини организации и институции од Скопје и пошироко, кои имаат идеја за проект за кој им е потребнo ИТ познавање, да аплицираат со своите проекти до 24 август на следниот линк.

Како да аплицирате?

Повикот е отворен за сите заинтересирани програмери, дизајнери и софтвер тестери

Секој тим ќе се состои од 4 до 6 учесници

За време на дводневниот хакатон, сите учесници треба да креираат демо или готови софтверски решенија

Сите заинтересирани може да аплицираат на следниот линк.

Рокот за аплицирање е до 12 септември

Повеќе детали и информации, може да погледнете на Фејсбук.

Ова ќе биде четвртиот по ред добротворен хакатон, во организација на Симфони Солушнс. Првиот хакатон беше организиран во 2014, вториот во 2016, а третиот во март, 2018.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Kонфигурирајте го својот нов Volvo автомобил онлајн

Редакција

Младиот автор Здравко Василески со сериозен труд: „НАТО во новиот светски поредок: Геополитика и Реализам“

Редакција

НЛБ Банка со донација за Територијалната противпожарна единица во Берово

Редакција