еМагазин
Image default
Македонија

Продолжен кабел можна причина за пожарот во модуларната болница во Тетово, се вели во германскиот извештај

Во тетовското Обвинителство пристигна преводот на извештајот на германските експерти за пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември минатата година.

Како што дознава Алсат М од свои извори во Обвинителството, во извештајот на германските експерти се наведува дека причина за ширењето на пожарот во тетовската модуларна болница можеби е продолжениот кабел на кој бил приклучен медицински апарат за лекување на пациенти.

Извештајот, според Обвинителството, е доставен на анализа на пет обвинители вклучени во истрагата за случајот, кој, откако ќе го анализираат, ќе утврдат дали од овој извештај ќе произлезе правно мислење, за отворање нови истраги, или ќе продолжи со истите истраги што домашните обвинители ги водеа досега.

Состанокот на обвинителите се очекува да се одржи во рок од една недела, по што ќе бидат донесени заклучоците.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравеа уште 33 нови пациенти од корона вирусот, вкупната бројка до сега 1.836

Редакција

Груевски се огласи на Фејсбук за истрагата на СЈО, „Поштенска банка“

Редакција

Бугарскиот парламент усвои резолуција за Македонија во која се осудува насилството врз македонските Бугари

Редакција