еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Промоција на „Живот на коцка“ од Џаро во хотел „Парк“

Вечерва, со почеток од 19 часот во ресторанот на хотел „Парк“ ќе се одржи промоција на биографијата на неповторливиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро, која без задршки ни го открива начинот на кој тој стана урбана легенда.

„Нема човек кој не чул за Џаро и за неговиот бурен живот. Но овој пат ги слушаме сите вистини, без премолчување на многуте згоди и незгоди за кои можеме да читаме во неговата биографија, која ја напиша Милица Џаровска.

Забавна и сурово искрена, македонското издание на „Живот на коцка“ ќе понуди еднакво задоволство колку и оваа промоција. Промотор ќе биде уште една домашна ѕвезда – Игор Џамбазов, без кој не би можел да се замисли еден ваков настан,“ информираат од ТРИ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Помала камата, повеќе можности“: НЛБ Visa кредитните картички со промотивна 5,9% фиксна камата  

Редакција

Нова книга од ИЛИ-ИЛИ: Денес од печат излезе реизданието на романот „Жените Гаврилови“ од Кица Колбе

Редакција

(Фото) Елизабета Ѓоргиевска на фестивалот за деца „Литера“: Секој од нас длабоко во својата душа има простор посебно одвоен за светот на приказните

Редакција