Пронајдено починато лице, во запален стан во зграда во Струмица

Пожарникарите во Струмица, пронајдоа починато лице во запален стан во зграда во Струмица на улица Б.Ј.Мучето

„ТППЕ Струмица со три ПП возила и седум пожарникари-спасители учествуваше во гаснење на запален стан на четврти кат од колективна станбена зграда, на улица Б.Ј.Мучето. При гаснењето на пожарот, за жал во станот беше пронајдено починато лице.

Сите други станови во зградата се заштитени од пожарот и сите останати станари се безбедно евакуирани

Причините за настанувањето на пожарот и смртта ќе бидат утврдени од надлежни институции,“ велат од ТППЕ Струмица.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести