Вработените се плаќале „на рака“, фискалните биле заменувани со нелегална документација: Прочитани исказите на двајца сведоци за пожарот во „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани беа прочитани исказите на двајца сведоци на Основното јавно обвинителство, кои ги дале во Обвинителството по пожарот.

Исказите беа прочитани во Судот без нивно присуство, бидејќи тие поради нивната психичка и физичка состојба не биле во можност лично да сведочат.

Ана Томева, која работела како келнерка во “Пулс“, како и во “Класик“, зад кои стои првообвинетиот Дејан Јованов Деко, во својот исказ меѓу друго кажала дека вработените не биле пријавувани целосно, дека постојано имало притисок врз нив, а инструкциите од Деко често биле пренесувани преку неговиот син Михаил Јованов, исто така обвинет во случајот.

Исто така според нејзе платите за вработените се исплаќале „на рака“, фискалните сметки биле заменувани со нелегална документација која интерно се нарекувала „црни пари“, дека хигенските услови биле многу лоши, а и дека била оштетна водоводната инсталација.

Таа исто така во исказот кажала и дека при најавени инспекциски контроли, вработените и дел од присутните биле терани да се претставуваат како гости за да се прикрие реалната состојба во објектот.

Исто така кажала и дека во „Пулс“ немало соодветни обуки за противпожарна заштита, ни јасни процедури за евакуација во случај на опасност.

Лина Крстева, која била гостинка во “Пулс“, како и други сведоци на претходните рочишта, во својот исказ меѓу друго кажала дека пиротехника се користела во објектот и за други настапи.

И таа како други сведоци на претходните рочишта, кажала дека пожарот го приметила откако други лица посочиле дека се запалил објектот и дека потоа настанала паника и турканици за да гостите излезат од единствениот излез.

Таа била извлечена од други лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите се изјаснија за невини: Започна судењето и за 13. полицајци за „Пулс“

Ако и за Кочани нема правда, уште сега да се укинеме како држава

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести