Четворица кандидати остануваат во трката за нов државен обвинител, само Панчевски отпадна

Советот на јавни обвинители денеска даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за нов државен јавен обвинител.

Станува збор за обвинителката Анита Тополова Исајловска, која моментално е в.д. државен обвинител, Ленче Ристоска, Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески, кој е поранешен обвинител.

Сите освен Раичевиќ добија по 10 гласа, а таа девет.

Од трката отпадна судијата Владимир Панчевски, бидејќи според Советот нема континуиран стаж, односно имал прекини во извршувањето на функцијата судија, која не ја врши ни сега.

Мислењето Советот ќе го достави до Владата, која треба да избере еден кандидат и да го предложи до македонското Собрание, каде треба да биде изгласан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Анита Топалова Исајловска, која е избрана за в.д. државен јавен обвинител

Каков имот пријавила Анита Топалова Исајловска, која е избрана за в.д. државен јавен обвинител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести