Ако до крајот не месецот нема договор за минимална плата од 600 евра, ќе има генерален штрајк, најавија од ССМ

Ако до крајот на месецот нема договор за минимална плата од 600 евра и зголемување на другите плати за 6.000 денари, ќе има генерален штрајк, најавија денеска од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

ССМ поради овие барања денеска ја блокираше Владата, а претходните денови и македонското Собрание и Стопанската комора.

Евентуалниот генерален штрајк ќе биде во средината на март.

Истиот како што рече претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов ќе биде во неработно време, а на него ќе бидат повикани сите работници кои сметаат дека платите им се ниски.

За сите работници ССМ ќе обезбеди превоз.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести