Звонко Давидовиќ, адвокатот на судијата од Апелацискиот суд Скопје, Ѓоко Ристов, за Слободен печат, вели дека парите кои беа најдени во домот на неговите родители во Неготино, се нивни, а ги спечалиле од продажба на имот за право на градба и поставување на фотоволтавици, вреден 400 илјади евра.
Како што е познато во нивниот дом во ѕид во кујната беа пронајдени 350 илјади евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како биле откриени 350. илјади евра во домот на судијата Ѓоко Ристов
Давидовиќ за Слободен печат вели дека договорот за продажба на имотот е нотарски заверен, а парите биле уплатени на сметка на мајката на Ристов.
Тој вели и дека неговите родители имале и други приходи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На кои случаеви работел судијата Ѓоко Ристов во чиј дом беа најдени 350 илјади евра
Каков имот пријавил судијата Ѓоко Ристов, во чиј дом се најдени 350.000 евра, скриени во ѕид
Фото: Унсплеш














