Стопанска банка со намалена добивка за 30% во првото полугодие

Стопанска банка АД Скопје во првите шест месеци од година остварила добивка пред оданочување од 1.408.503 илјади денари, соопшти Банката преку Македонската берза.

Во однос на истиот период од минатата година таа е пониска за 30%, а како што велат од таму тоа е резултат првенствено на регулаторните и пазарните услови, односно глобално намалените каматни стапки и каматни приходи, провизии од платниот промет и меѓународните трансакции, како и еднократно наплатените приходи во текот на 2025 година по основ на отпишани побарувања.

-Нето-приходите од камати изнесуваат 2.530.605 илјади денари и се намалени за 13% во однос на истиот период од минатата година, како резултат на трендот на намалување на каматните стапки поради промените во референтните каматни стапки и соодветното прилагодување согласно конкурентните движења. Притоа најголемо учество имаат каматните приходи од кредитни активности, каматните расходи на депозитите поради зголемување на салдата и структурно движење од категоријата на депозити по видување во орочени депозити, велат од таму.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 371.963 илјади денари и се намалени за 7% во однос на анализираниот период од 2025 година, пред сè, како резултат на намалените тарифни ставки од провизиите во сегментот на платниот промет и картичното работење и истовремено зголемените расходи од провизии кои ги наплатуваат добавувачите на соодветните сервиси, посочуваат од таму.

-Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 92.167 илјади денари и се намалени за 10% во однос на анализираниот период од минатата година, пред сè, поради намалените маргини, како и поради намалената количина за продажба која компаниите ја нудат на банките за продажба и истата ја чуваат за сопствени обврски.

Останатите приходи од дејноста изнесуваат 147.538 илјади денари, велат од таму.

И покрај сè уште присутните инфлаторни притисоци и ценовни флуктуации, Банката продолжува со оперативна ефикасност во однос на контролата на трошоците од работењето, потенцираат од таму.

-Притоа останатите расходи од дејноста и трошоците за вработени изнесуваат 562.829 илјади денари и 700.393 илјади денари, респективно и се малку повисоки во однос на истиот период од претходната година, пред сè, како резултат на инфлаторните движења и промените во пазарните цени.

Одржувањето на квалитетот на кредитното портфолио и управувањето со кредитниот ризик е во приоритетните цели на Банката. Оттука, заклучно со крајот на вториот квартал од 2026 година, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 368.436 илјади денари.

Како резултат на сето наведено, остварената добивка пред оданочување и резервации изнесува 1.776.939 илјади денари, додека добивката пред оданочување на 30.06.2026 година изнесува 1.408.503 илјади денари и е за 30% пониска во однос на истиот период од минатата година, велат од таму.

Вкупната актива на Банката во овој период изнесува 159.062.520 илјади денари и е зголемена за 1% во однос на крајот од минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владимир Тренески именуван за член на УО на Стопанска банка Скопје

Мирјана Трајановска реименувана за член на УО на Стопанска банка Скопје

Илиас Пападопоулос именуван за генерален директор за оперативни работи во Стопанска банка Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести