Обвинетиот бизнисмен Борче Марковски, сопственик на Марковски компани, кој го доби назад пасошот од страна на Основниот суд Струга, откако дал гаранција од над 5 милиони евра, ја напуштил Македонија, објави порталот 360 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дал гаранција од над 5 милиони евра: Вратен пасошот на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски
Како што е познато тој има компании и имот во Србија, а порталот објави дека земјава ја напуштил на граничниот премин со Србија, „Табановце“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борче Марковски остана без станови во Скопје, пари, возила, земјиште во Македонија и Србија
Му било дозволено да ја напушти земјава, бидејќи за него нема активна мерка што би го спречило да ја премине државната граница.
Тој е еден од деветте обвинети во случајот со злоупотреби со јавни набавки за РЕК Битола, за кој во тек е судски процес.
Им се суди за дислокација на погонските станици од рудникот Осломеј во рудниците на РЕК Битола. Станува збор за тендер тежок над 1,7 милиони евра.
Обвинети се и петмина вработени од РЕК Битола и двајца вработени во Марковски компани.
Тој е и почесен конзул на Белорусија во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада














