еМагазин
Image default
Свет

САД ги отвораат границите: Од ноември вакцинираните со две дози ќе може да патуваат

САД во ноември ги отвораат своите граници за патниците кои ќе покажат доказ за целосна вакцинација, јавија денеска од администрација во Вашингтон.

Со ова, се укинуваат мерките за забрана за влез на туристи, бизнис патници и сите останати категории без американско државјанство или легално престој, воведени со цел спречување на ширењето на коронавирусот.

Со олабавувањето ќе се овозможи повторно соединување на разделените семејства поради пандемијата и ќе се овозможат повторно воспоставување на бизнис врските, јави Њујорк тајмс.

Странски државјани кои ќе покажат доказ за целосна вакцинација пред да се качат на авионот ќе можат да летаат за САД, изјави денеска Џеф Зинц, координатор во Белата куќа за прашања по пандемијата.

„Меѓународните патувања се критични за поврзување на семејствата и пријателите, за развивање на малите и големите бизниси и за промоција на отворена размена на идеи и култури,“ рече Зинц.

Повеќе од година дена летовите од низа европски земји, Иран и Кина до САД беа забранети.

Целосно вакцинираните патници исто така ќе треба да покажат и негативен резултат од тест за коронавирусот земен три денови пред патувањето за САД.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Граничниот премин Рафа меѓу Египет и Газа отворен за испорака на хуманитарна помош

Редакција

Во Украина загина и 24-годишна новинарка на американската телевизија Фокс њуз

Редакција

Потпиша 17 наредби: Бајден ја врати САД во Парискиот договор за климата, ја стопираше изградбата на ѕидот на границата со Мексико…

Редакција