Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за трагедијата во Карпош: Првични информации од Обвинителство

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопски Карпош, каде по пад од висококатница починаа жена и малолетно дете, информираа од таму.

„Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот. Повеќе детали од дејствијата во текот на утрешниот ден“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Јавниот обвинител наредил обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

После години пријавувано семејно насилство, обид за убиство во државна институција ги загубив внуката и сестрата, вели Александар Стојаноски за трагично загинатите во Карпош

МВР го потврди трагичниот настан во Карпош, но без детали за жената и детето

Трагедија го потресе Карпош: Мајка со дете во рака скокнала од зграда

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести