еМагазин
Image default
Македонија

Штипското Инфективно одделение од вчера повторно е ставено во функција

Штипското Инфективно одделение од вчера повторно е ставено во функција, сите пациенти заразени со коронавирусот од модуларната болница се префрлени во објектот, кој неколку месеци се реконструираше со европски пари.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека во објектот се сместуваат пациентите во тешка здравствена состојба, а Кожното одделение останува за прием на пациенти кои се стабилизирани и се пред заминување на домашно лекување.

Во Инфективното одделение се заменети прозорците, потоа објектот има и нова фасада, а во објектот се постави централен довод за кислород до секој болнички кревет и нов противпожарен систем.

Началничката на штипскиот Ковид центар, Дијана Гајадрџиска-Шишкова вели дека во моментов на Инфективното имаат 44 пациенти, најмладиот има 35 години, а 33 пациенти се на кислородна поддршка. Во Кожното одделение се хоспитализирани седум пациенти, само во текот на вчерашниот ден имаат примено десет нови пациенти, а еден е оздравен.

Притисокот врз болничките капацитети се гледа и низ прегледите во дневната амбуланта, каде што вчера имале 78. Инфектолозите апелираат граѓаните да се вакцинираат, со цел да се заштитат себе си, но и нивните семејства.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Шверцери“ во МНТ направиле штета од 3.965 евра

Редакција

Вкупно 1.326 заразени од корона вирусот: Нови 26 пациенти, најголем број во Скопје

Редакција

(Фото) „Тепачка“ за автограм од Красимир Каракачанов во Битола

Редакција