Вчера во 42. пат семејствата на загинатите во пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани маршираа низ градот.
На маршот меѓу друго, побараа одговорност за полициските службеници кои кобната ноќ не интервенирале кога се запалила пиротехниката, како и при евакауцијата на нивните деца од дискотеката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во говор Розета Блажева меѓу друго праша што точно правеле службените лица во тие клучни моменти.
-Тие немо стоеле и ги блокирале вратите на единствениот влез-излез и кога увиделе дека пожарот се шири, први кукавички бегаат да спасат глава. Ова е институционален пораз во најкритичниот момент затоа денес прашуваме: “Дали ова е систем подготвен да штити граѓани — или систем што целосно потфрлил во најважниот момент?“
Затоа што во тие минути не се мерела само професионалноста. Се мерела човечноста. Се мерела одговорноста. Се мерело дали униформата значи заштита – или само функција без тежина кога е најпотребно, кажа таа пред Полициската станица.
Родителите им се обратија и на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и премиерот Христијан Мицкоски, порачувајќи им дека досега нивното ветување – „И брат да ни е – ќе одговара“, не се реализирало за нив како семејства, туку досега имаат само неправда и неодговорност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најголем дел од загинатите во „Пулс“ починале од задушување со јаглерод моноксид
Фото: Игор Бансколиев














